Најмалку 16 припадници на безбедносните сили се убиени во заседа во северниот дел на Буркина Фасо каде делови контролираат џихадистичките бунтовници, потврдиле во петокот за Reuters три безбедносни извори.
Нападот според неименуваните соговорници на агенцијата се случил во средата во близина на селото Куместенга во провинцијата Наментенга во Централно-северниот регион, една од областите зафатена со џихадистичките напади,
Еден армиски и два извора од жандармеријата на Буркина Фасо, кои барале да бидат неименувани го потврдиле нападот соопштувајќи ја бројката на жртвите позната до петокот. Рекле дека се убиени седум жандарми и девет припадници на добриволечките милиции за самоодбрана на локалното население.
Војската и владата официјално не го коментираат нападот.
Меѓународната невладина хуманитарна организација Лекари без граници (Medecins Sans Frontieres – MSF) ги запре своите активност во северозападните области на Буркина Фасо претходно седмицава, откако вооружени напаѓачи убија двајца нејзини припадници.
Буркина Фасо е една од неколкуте западноафрикански земји кои се справуваат со крвавиот џихадистички бунт кој најде упориште во соседното Мали во 2012 година, и кој успеаја само да го забават трупите што ги испрати Франција.
Милитантните групации поврзани со глобалните џихадистички мрежи на Ал Каеда и Исламската држава оттогаш се распрснаа низ субсахарската област Сахел и во крајбрежните западноафрикански држави и покрај обидите да бидат потиснати од локалните и западните војски и мировните напори на Обединетите нации.
Во насилствата се убиени десетици илјади луѓе, раселени се милиони, а придонесоа и за растечката несигурност во снабдување со храна на локалното населени. Тоа, исто така, беше факторот кој поттикна по две поинтензивни воени кампањи во Мали и Буркина Фасо од 2020 година.