Најмалку 160 убиени во нападот во Буркина Фасо

Во најкрвавиот напад последните шест години во Буркина Фасо, која стана цел на џихадистичките насилства, убиени се најмалку 160 луѓе, според најновите податоци кои во неделата ги објавија локалните власти.

Напад се случи во текот на ноќта во петокот, а убиените се жители на селото Солхан во провинцијата Јага, која е на самата граница со Нигер. Бројот на мртвите постојано се зголемуваше, од почените „стотина“, на 138 па на 160, соопштија властите.

„Вчера (саботата) во три заеднички гробници се погребани 160 тела, меѓу кои дваесетина деца“, изјавил за медиумите пратеник од провинцијата Јага.

Според него, „ситуацијата сѐ уште не е безбедна во оваа област, и покрај најавата за воени оперции“, како и дека „жителите и натаму бегаат од Солхан“ во блиските Себа и Дора, бидејќи „многумина загубиле сѐ во пожарите кои им ги уништиле домовите и имотот“ кои ги подметнале напаѓачите.

Буркина Фасо, која беше поштедена од насилствата во текот на мандатот на Блез Компаоре од 1987 до 2014 година, а кого го обвинуваат дека преговарал со џихадистичките групации за да ја сочува земјата, од 2015 година стана жртва на насилните судири, откако се убиени најмалку 1.400 луѓе, а милион се раселени.

Новиот претседател Рок Марк Кристијан Каборе, кој во 2015 година го замени Компаоре, ја постави борбата против тероризмот како приоритет и во 2020 година повторно беше избран, главно благодарејќи на ветувањата дека ќе го врати мирот во земјата.

Папата Франциск изјави дека се моли за „жртвите на колежот“ во Солхан. „На Африка ѝ е потребен мирот, а не насилствот“, оцени. И Европската унија ги осуди „кукваичките и варварски напади“, повикувајќи да се стори сѐ за виновниците да одговараат за нивните злосторства“.

Полупустинската област позната како Сахел е сцена на бунтот поради кој се раселени речиси три милиона луѓе, откако џихадистичките милитанти зазедоа голем мделови од северен Мали во 2012 и 2013 година и се заканија со заземање на главниот град. Франција и другите западни сојузнички земји распоредија свои трупи во регионот, но иако имаа успех во потиснувањето на милитантите, не успеаја да стават крај на бунтот.

Нападите на џихадистичките групи поврзани со тероритичките мрежи Ал Каеда и Исламска држава во западноафриканскиот супсахарски регион Сахел остро пораснаа од почетокот на оваа година, особено во Буркина Фасо, Мали и Нигер, а најмногу на удар е цивилното население.

Поради насилството во Буркина Фасо раселени се повеќе од 1.14 милиони луѓе во последните две години, додека оваа сиромашна земја често погаѓана од тешки суши стана и засолниште за околу 20.000 бегалци од соседно Мали, кои бараат сигурност од нападите на џихадистите кои напаѓаат и од таа страна на границата.