Поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи неколку куќи се затрупани во оддалечените планински делови на Непал во петокот ноќта, при што загинале најмалку 17 луѓе, а неколкумина се повредени, објавија локалните власти.
Операцијата на трагање и спасување почнала рано утрото во саботата. Од тогаш спасувачите извлекле17 тела од три локации на коишто имало лизгање на почвата во округот Ачхам, изјавил локалниот функционер Дипеш Раџал.
„Единаесет луѓе кои биле затрупани во калта биле извлечени живи, тројца од нив добиваат лекарска помош поради тешки повреди. Ќе го утврдиме бројот на настраданите куќи и ќе покренеме испраќање помош по завршувањето на операцијата спасување“, изјавил во саботата Риџал.
Рекол, исто така, дека моментално е во тек потрага по најмалку шест лица кои се пријавени како исчезнати. Во Непал поради планинскиот релјеф и големите реки, природните катастрофи се чести.