Најмалку 19 луѓе загинаа а уште 43 лица серанети во двете експлозии коишто одекнаа во вторникот во близина на воена болница во авганистанската престолнина Кабул по кои следела престрелка, објави катарската телевизија Al Jazeera повикувајќи се на службата за безбедност на талибанската власт.
Претставникот на политичката канцеларија на авганистанското радикално исламистичко движење во катарска Доха, Ахмад Јасир, соопштил дека сите борци на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава во Хорасан, која е авганистански огранок на џихадистичката организација Исламска држава, кои учестувале во нападот во Кабил биле ликвидирани.
„Престрелката во Каубул заврши со ликвидација на милитантите на Исламската држава“, напиша Јасир на Twitter.
Според авганистанските медиуми, престрелката меѓу талибанските борци и напаѓачите на Исламската држава траела речиси цел час.
Нападот бил изведен во близина на воената болницата „Сардар Мухамад Дауд-хан“, во центрланиот кабулси кварт Вазир-Акбар-Кан, каде се наоѓаат странски дипломатски претставнишва. Оваа болница има капацитет за 400 хоспитализации и е една од најголемите во земјата.
Портпарилот на авганистанското министерство за внатрешни работи Кари Саед Хости потврдил за странските медиуми дека нападот крај болницата бил изведен со две експлозии. Додал дека во регионот на нападот биле испратени припадници на специјалните полициски сили кои влегле во престрелка со групата напаѓачи, но засега не е познат бројот на напаѓачите.
Исламската држава, којашто изведе низа напади врз шиитски џамии откако талибаните се вратија на власт кон средината на август, уби повеќе од 30 луѓе во напад на родилиште и болница во 2017 година.