Најмалку 19 загинати во израелските напади врз Либан, Израел мобилизира резервисти

Најмалку 19 лица се убиени во средата претпладнето во континуираните израелски напади врз Либан, според либанското Министерство за здравство. Министерството додаде дека во нападите биле повредени речиси 100 луѓе.

Во меѓувреме, шиитската милиција Хезболах продолжи да истрелува ракети врз цели во Израел, објавувајќи дека лансирала десетици балистички ракети врз градот Хазор Ашдод и воената база на северот на земјата.

Шефот на северната команда на израелската војска рече дека Израел започнал нова фаза од својата кампања и мора да се подготви за „маневрирање и операција“, се вели во соопштението на војската.

Армијата не појаснува дали ова се однесува на можна копнена офанзива на југот на Либан. Но, во средата мобилизираше две резервни бригади за извршување операции.

„Ова ќе овозможи продолжување на борбата против терористичката организација Хезболах, одбрана на Израел и создавање услови за враќање на жителите на северен Израел во своите домови“, соопшти армијата.