Најмалку 19 жртви, од кои девет деца во пожар во повеќекатница во Њујорк

Најмалку 19 луѓе, од кои девет се деца, загинаа во неделата во пожар кој избувна во повеќекатница во њујоршкиот кварт Бронкс, пренесува американската телевизиска мрежа ABC News.

„Ова ќе биде најлошиот поќар во нашата истарија. Знаеме дека имаме 19 мртви, а повеќе од 63 се повредени“, изјавил новиот њујоршки градоначалник Ерик Адамс во изјавата која ја пренесуваа телевизиите. Додал дека 32 лица од повредените животно загрозени.

Засега не се познати причините за пожарот во 19-катницата, кој избувнал според прелиминарните сознаније во еден од становите на пониските катови, соопшти шефот на њујоршките пожарникари Даниел Нигро, и додал дека огност брзо се распространил на другите катови.

Пожарот бил пријавени по 11 часот по локално време,а по три часа веќе бил ставен под контрола на 200 пожарникари.

Новиот градоначалник на Њујорк, поранешен црн полицаец кој должноста ја презема на 1-ви јануари, истакна дека „станува збор за вистинска трагедија, но само за Бронкс, туку и за градот“.

Мегалополисот со девет милиони жители е зафатен од станбена криза, а зградите неретко се руинирани и многу лошо одржувани.

Претходно во средата во страшен пожар во станбена зграда во Филаделфија загинаа 12 луѓе, меѓу кои осум деца.