Најмалку 19 луѓе ги загубија животите во понеделникот во лавина обидувајќи се да го минат планинскиот превој меѓу Авганистан и Пакистан, соопштија талибанските власти.
Неколку одделни групи луѓе се обидувале да ја минат границата кога започнала лавината, изјавил Наџибула Хасан Абдал, директор за информирање и култура во провинцијата Кунар на истокот на Авганистан.
„Засега се пронајдени 19 тела“, рекол Хасан Абдал, додавајќи дека спасувачките екипи трагаат по други жртви и можни преживеани.
Во истата област во 2015 година во Авганистан во лавини загинаа повеќе од 250 луѓе.
Бројни Авганистанци секојдевно се обидуваат да ја минат планинската граница со Пакистан во потрага по работа или за снабдување со основи продукти.
Пакистан ја довршува оградата за да ја заштити порозната граница со Авганистан во должина од 2.670 километри.