Најмалку 20 мртви во експлозија во фабрика за огномет во Тајланд

Најмалку 20 луѓе загинаа денеска во Тајланд, кога одекна експлозија во фабрика за огномет, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во провинцијата Суфан Бури, околу 120 километри северно од Бангкок.

Гувернерот на провинцијата изјави за Ројтерс дека сè уште не се пронајдени преживеани.