Најмалку 20 лица загинаа денеска во судир на автобус и камион со приколка во источна Гватемала, соопштија властите.
Несреќата се случила во близина на градот Гуалан, во близина на брегот на Атлантикот.
Автобусот се движел кон градот Санта Елена, во близина на границата со Мексико, кога се случила несреќата.
Причината за несреќата се уште не е позната.