Најмалку 20 луѓе загинаа, а 40 се повредени при експлозија на бомба во џамија во Авганистан за време на петочната молитва, соопштија официјални претставници.
Портпаролот на гувернерот на источната провинција Нангархар, Атахула Когјани изјави дека меѓу жртвите има деца и се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но во источниот дел на Авганистан се активни и талибанските бунтовници и џихадистичката група Исламска држава.