Најмалку 20 загинати во земјотрес во западен Авганистан

Во земјотресот со магнитуда од 5,6 според Рихтер кој во понеделникот го погоди западен Авганистан загинале најмалку 20 луѓе, а уништени се стотици куќи, соопштија локалните власти.

Земјотресот погладнето ја погодил западната провинција Багдис, којашто граничи со Туркменистан, а главно се урнати куќи изградени од тули.

„За жал, прелиминарните податоци покажуваат дека загинале 22 лица, меѓу кои жени и деца, а четири лица се повредени“, изјавли Баз Мохамад Сарвари, директор на Центарот за информации и култура во провинцијата Багдис.

Бројот на жртвите би можел да расте, додал Сарвари и рекол дека регионот е погоден и од силни дождови.

Мула Џанан Саек од министерството за вонредни состојни го потврдил бројот на загинатите и рекол дека уништени се најмалку 700 куќи.

Епицентарот е регистриран на 40 километри источно од градот Калаји-Нау, административен центар на провинцијата Багдис, или на 141 километри североисточно од Херат, на длабочина од 10 километри.