Најмалку 20 лица загинаа откако се урна воен авион Ан-26 во Украина, потврди Министерството за внатрешни работи на државата.
Две лица се повредени, а за уште две се уште нема информации, јавија украински медиуми.
Во авионот имало 24 лица – воени пилоти и питомци на универзитет на ВВС.
Несреќата се случила околу 20:50 часот по локално време (19:50 часот по средноевропско време) во близина на источниот град Чугуев, оддалечен околу два километри од воениот аеродром.