Најмалку 27 лица загинале кога автобус кој превезувал средношколци и нивни родители паднал во амбис во текот на изминатата ноќ во индонезиската провинција Западна Јава, соопшти во четвртокот претставник на спасувачките служби.
Автобусот се враќал од студиско патување на кое биле 66 лица од исламско средно училиште, кога возачот ја загубил контролата и паднал во провалија во округот Сумедан, изјавил за медиумите Деден Ридвансијах, шеф на локалната служба за потраги и спасување.
Едно лице и натаму во четвртокот утрото било заробени во остатоците од автобусот, додека другите преживеани се спасени, додал Ридвансијах.
Телевизијата Metro TV извесуви во меѓувреме дека заробеното лице било прогласено мртво, поради што бројот на жртвите и се зголемил на 27.
Една од преживеаните патнички рекла дека автобусот се тетеравел по патот пред несреќата. Според неа, сопатниците почувстувале дека нешто гори, а возачот рекол дека му откажала кочницата, пренесува порталот Detik.com.