Најмалку 30 загинати или исчезнати во поплави во Индија

Најмалку 30 лица загинаа или исчезнаа во поплавите во јужна Индија, јавија денеска локалните медиуми.

Надојдена река однесе три автобуси во државата Андра Прадеш.

Спасувачите извлекле повеќе од десет тела, а најмалку 18 лица се водат како исчезнати.

Екстремните временски услови во Јужна Азија се последица на климатските промени, уништувањето на шумите, изградбата на брани и прекумерниот развој, предупредуваат експертите.