Најмалку 30 луѓе загинале во четвртокот во експлозија во џамијата во градот Мазар-и-Шариф, административниот центар на северната авганистанска провинција Балх, пренесува агенцијата Khaama Press повикувајќи се на болнички извори.
Според лакари во градот, во болниците биле примени уште 80 ранети лица. Притоа се нагласува дека овие податоци сѐ уште се прелиминарни и оти бројот на загинатите може да се зголеми.
Според очевидци, експлизијата се случила во џамијата во којашто попладнето по локално време се собрале бројни верници. Според истите извори, целта на нападот веројатно се припадниците на шиитското малцинство, кои последните денови се цел на напади на ултрарадикалното сунитско движење Исламска дражав-Корасан, која шиитите ги смета за отпадници од верата.
Во вторникот во најмалку 20 лица загинаа во три експлозии кои го потресоа училиштето „Абдул Рахим Шахид“ во западниот кабулски кварт Дашт-е-Барчи, населен главно со припадниците на шиитското малцинство Хазари, во моментите кога учениците излегувале од училниците во претпладневните часови.
Точната локација на експлозијата во четвртокот во џамијата во Мазар-и-Шариф сѐ уште не е позната, полицијата сѐ уште не открива дали бомбата била поставена во џамијата или била активирана надвор меѓу масата верници.
Телевизскиот канал Afghanistan International, повикувајќи се на свои безбедносни извори, објави дека џихадистичката терористичка групација Исламска држава-Корасан е вмешана во експлозијата во Мазари-Шариф.
Во четвртокот бомбашки напад бил изведен и во северната провинција Кундуз, при што биле убиени четворица цивили а уште осум се ранети, додека четворица талибански борци загинале во експлозија на бомба во областа Кугијани во источната провинција Нангахар, пренесува телевизискиот канал TOLO News.
Безбедносната ситуација во земјата откако талибаните ја преземеаа власта по повлекувањето на американските трупи по 20-годишната војна многу е подобрена. Но сѐ уште се изведуваат напади за кои одговорноста ја презема авганистанскиот огранок на Исламската држава – Корасан (IS-K).
Малцинските шиитски Хазари со векови се маргинализирани и прогонувани во мнозиски сунитскиот Авганистан. Нивните квартови сѐ почесто се цел на утлрарадикалната сунитска организација Исламска држава којашто ги смета за отпадници од верата.
Талибаните тврдат дека го сузбиле дејствувањето на Исламската држава, но аналитичарите оценуваат дека групацијата и натаму претставува голем предизвик и за новата авганистанска власт.