Најмалку 30 загинати во самоубиствен напад во џамија во Пакистан

Двајца бомбаши самоубијци се разнеле во петокот во џамија во севеозападен Пакистан при што се убиени најмалку 30 луѓе а многумина се ранети, соопштија полициски и медицински извори.

Убивајќи ги полицајците од обезбедувањето напаѓачите се пробиле во џамијата во Пешавар и се разнеле во преполната главна одаја, рекол за Reuters полицискиот функционер Харун Тахид.

Во болницата „ Lady Reading Hospital“, најголемата во градот, била донесени најмалку 30 тела и повеќе од 60 ранети лица, изјави портпаролот на институцијата Мохамед Асим.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи повеќе од десет настрадани луѓе се во критична состојба, додал Асим.

Спасувачите, полицијата и доброволци ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани и тела на жртви, изјави Билал Гаизи од спасувачката служба на Пешавар.

Засега ниедна група не ја преземала одговорноста за смртоносниот напад. Порано големи бомбашки напади во Пешавар изведуваа пакистанските талибани, но тие беа насочени на собири на антиталибанската партија Националната партија Авами (ANP).