Најмалку 31 лице загина во вторникот во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт.
Несреќата се случила во 17 часот по локално време кога автобусот на пат кон Буркина Фасо паднал од мостот во реката.
„Веројатна причина за несреќата е губењето на контролата над возилото од страна на возачот“, се вели во соопштението. Се додава дека меѓу жртвите има државјани на Мали и други земји од западноафриканскиот подрегион.
Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран. Според податоците на ОН за 2023 година, од сите сообраќајни жртви во светот, околу една четвртина загинале во Африка, што претставува само два отсто од сите возила во светот.