Најмалку 32 загинати во две сообраќајни несреќи во Турција

Најмалку 32 лица ги загубија животите а уште 50 други се повредени во саботата во двете сообраќајни несреќи на југоисточна Турција, известуваат турските медиуми.

Најмалку 16 лица загинале а уште 22 други се повредени во двоен судар во близина на јужниот турски град Газиантеп. Тројца пожарникари, четворица припадници на службата за итна медицинска помош и двајца новинари се меѓу 16-те загинати, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

На делницата кај Низип на автопатот Тарсус-Адана-Газиантеп, патнички автомобил удрил во возило на брзата помош и противпожарно возило паркирани на трасата, како и во возило за директно пренесува вести на агенцијата IHA, чии се двајцата загинати новинари. Спасувачките служби прво стасале на место на несреќа на минибус, а потоа во нив се забил патнички автобус. Автобусот се превртел и лизгал 200 метри, погодувајќи го возилото на брзата помош и на новинарската екипа.

Неколку часа подоцна, уште 16 лица загинаа а триесеттина се повредени 250 километри поисточно, во несреќа во коешто бил вклучено товарно возило, соопшти вечерта турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

„Шеснаесет луѓе загинаа а 29 се повредени, меѓу кои осум тешко, во несреќа којашто се случи кога камион поради откажување на кочниците се залетал во Дерик“, во покраината Мардин, објави Коча на Twitter.

На снимките кои ги објавија турските телевизии се гледа како возачот кој ја губи контролата над камионот, со полна брзина удира во неколку други возила и во пешаци кои бежаат.

Службената турска новинска агенција Anadolu објави дека сообраќајната несреќа во која учествувале три возила се случила на истото место малку претходно, а камионот се залетал во спасувачите кои пристигнале на местото на несреќата, што е идентичен случај како и при несреќата кај Газиантеп.