Најмалку 32 загинати во судир на возови во Египет

Најмалку 32 лица загинале и уште намалку 84 се повредеи во петокот во судар на два патнички воза на југот на Египет, соопшти тамошното министерство за здравство.

Несреќата во којашто по сударот целосно биле превртени и уништени три вагона се случила во провинцијата Сохаг, јужно од египетската престолнина Каиро. Според министерството за здравство, на местото на инцидентот биле испратени 36 амбулантни возила, со кои настраданите биле пренесувани во блиските болници.

Државното обвинителство на Египет наредило отворање истрага за несреќата, а министерото за транспорт Камел ал-Вазар наредил притворање на двајцата машиновозачи. Формирана е специјала комисија за истрагата, на чиешто чело е премиерот Мустафа Мадбули. Поради несреќата, железничкиот сообраќај во јужниот дел на Египет беше во повеќечасовен целосен прекин.

Поради лошата состојба на инфраструктура на египетските железници, застареноста и деценинското необновување на возовите и системите за контрола, а честопати и поради човечкиот фактор, речиси седмично се бележат инциденти во железничкиот сообраќај во земјата, но за среќа повеќето се без жртви и повредени.

Една од најголемите железнички несреќи во Египет последните години се сличо во провинцијата Асиут во 2012 годиниа, кога патнички воз со полна брзина налета на училишен автобус кој во рани утрински часови превезувал деца меѓу 4 и 11-годишна возраст, кога загинаа 50 лица. Во летото 2017 година патнички воз на линијата од Каиро кон Александрија без намалување на брзината се удри во композиција во близина на северната престолнина Порт-Саид, кога локомотива и пет вагони излетаа од шините, при што загинаа 43 лица, а 236 беа повредени.