Најмалку 34 мртви во пукање во дневен центар за деца на Тајланд

Најмалку 34 лица се убиени во Тајланд во четвртокот во масовно пукање во дневен центар за деца, кое го извел поранешен полицаец кој во о крвавиот поход си ги убил сопругата и детето пред да се застрела, пренесуваат локалните медиуми.Масакрот се случил во детската граница во местото Нонг Буа Ламфи, Полицијата соопшти дека се убиени возрасни и деца, како и дека сторителот е поранешен нејзини припадник.

Локалната телевизија Thai PBS објави дека поранешниот полициски наредник, кој пред една година бил отпуштен од службата поради зависност од наркотици, пукал во Центарот за ран детски развој во провинцијата Нонгбуаламфу во североисточен Тајланд, и оти притоа се убиени најмалку 24 деца и осум возрасни лица,

Се прецизира дека полицијата прво го пронашла пикапот на напаѓачот на паркингот пред неговиот дом. Безбедносните сили ја опколиле зградата, сметајќи дека тој е внатре и се обиделе да започнат преговори, но никој не реагирал на повиците.

Поради тоа, претпоставиле дека напаѓачот побегнал со друго возило или пешки, но кога припадниците на оперативната група влегле во домот го пронашле телото на поранешниот полицаец, на неговата сопруга е едно дете. Тие имале повреди од куршуми кои соодветствуваат на повредите нанесени по пукањето од огнено оружје во детската градинка.

Според телевизијата, таму било пронајдено и поголемо количество оружје. Засега не се познати мотивите за масакрот.