Бројот на жртвите во шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, во периодот кога севверноафриканските земји се под удар на таканаречениот топлотен бран.
Алжирското министерство за внатрешни работи соопшти дека загинале 24 цивили и десет војници.
Околу 8.000 припадници на службата за цивилна заштита се распоредени на теретнот за да му помогнат на населението да се евакуира и во гаснењето на пожарите кои избувнаа ноќта кон понеделникот.
Огнот разгоруван и носен од ветрот зафати населени области, а досега се евакуирани 1.500 луѓе.
И во соседен Тунис оваа седмица избувнаа пожари во западнит шунмски области близу границата со Алжир, додека во некои делови од земјата наводно биле измерени рекордни температури но нема прецизини извештаи.