Во пожар кој избувнал во средата на градилиште во Јужна Кореја, загинале најмалку 38 луѓе, пренесува новинската агенција Yonhap повикувајќи се на противпожарната служба.
Според најновите податоци, повредени се десет лица, од окои осум се во критична состојба.
Сите жртви се работници кои граделе складиште во градот Ичхон, кој се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од јужнокорејската престолнина Сеул.
Според првичните процени, причина за големиот пожар е експлозија која се случила додека работниците поставувале изолација со запаллив материјал во подземниот дел од складиштето.
Пожарот потоа зафатил површина од речиси 11.000 квадратниметри на четири надземни и два подземни ката од објектот.