Најмалку 39 мигранти загинаа откако избувна пожар во објект за мигранти во градот Сиудад Хуарез на северната мексиканска граница, соопшти во вторникот владиниот Национален институт за миграции (INM).
Во соопштението се наведува дека во споменатата установа престојувале 68 возрасни мажи од Централна и од Јужна Америка. Други 29 мигранти се притоа повредни во пожарот и се префрлени во четири болници во областа, додаваат од INM.
Пожарот, кој е еден од најсмртоносните кои го погоди Мексико во последните неколку години, се случи во периодот кога САД и Мексико се справуваат со рекордното ниво илегални гранични преминување на нивната заедничка граница.