Најмалку 400 жртви во поплавите во ДР Конго

Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата во Демократска Република Конго се зголеми најмалку 394 луѓе, објави во неделата регионалната влада на истокот на земјата.

Стотици други луѓе се повредени или се водат како исчезнати, по поплавите предизвикани од излевањето на реките по големите дождови во четвртокот.

Потопени се неколку села, многу куќи се однесени од пороите и лизгањето на земјиштето. Ситуацијата на населението на погодени од природната катастрофа е многу тешко, и му недостасува речиси сѐ, соопштија локалните власти.

Сезоната на дождовите, којашто е типична за регионот Јужно Киву, вообичаено трае до крајот на мај.

Соседните земји, исто така, се погодени од големи поплави. Во Руанда загинале 127, а во Уганда шест луѓе.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во саботата во текот на посетата на Бурунди истакна дека поплавите претставуваат „нова илустрација за забрзувањето на климатските промени и нивните драматични последици за земјите кои не се вклучени во глобалното загревање“ на планетата.