Бројот на загинатите во стампедото кое се случи на стадионот на најголемиот танзаниски град Дар ес Салам во текот на церемонијата на збогување на 21-ви март од починатиот претседател Џон Магуфули достигна 45 жртви и 37 повредени, објави во вторникот водечкиот танзаниски весник The Citizen, повикувајќи се на извештајот на полицијата.
„Луѓето загинале затоа што откако многумина се обиделе на влезат на стадионот заобиколат одобрената рута се случи стампедо“, изајви Лазаро Момбаса, командант на специјалната полициска зона во Дар ес Салам.
Во претходните извештаи се наведуваше за пет загинати.
Џон Магуфули, кој беше реизбран за претседател во октомври 2020 година, почина на 17-ти март во болница во Дар ес Салам. Официјално причина за смртта се проблеми со срцето, но лидерот на опозицијата во Танзанија, Тунди Лису, кој прв извести за хоспитализацијата на шефот на државата, тврдеи дека кај Магуфули бил дијагностициран Covid-19.
Церемонии на збогување со Џон Магугули се одржуваа низ цела Танзанија цели шест дена. По настаните на стадионот во Дар ес Салам, властите преземаа посебни безбедносни мерки, а во другите градови беше избегнато масовно присуство на луѓе. Магуфуле беше погребан на 26-ти март во неговиот реден град Чато во северозападна Танзанија.