Најмалку 50 убиени во израелско бомбардирање врз зграда во Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во близина на болницата „Камал Адван“ на северот од Појасот Газа, изјави ноќта кон петокот директорот на болницата Хусам Абу Сафија, цитиран од локалното Министерство за здравство.

Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет вработени во блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди директорот на болницата „Камал Адван“, Хусам Абу Сафија.

Агенцијата Reuters наведува дека информацијата не била независно проверена, а израелската армија не беше подготвена да ги коментира наводите.

Во меѓувреме, Израелците објавија дека еден од нивните војници загинал за време на судирите во северниот дел на Појасот Газа. Претходно палестинските медиуми објавија дека најмалку девет Палестинци загинале, а неколку се ранети во израелски напад на северот на Појасот Газа.

Во извештајот на новинската агенција WAFA се наведува дека куќи во градот Газа биле погодени во воздушен напад во четвртокот доцна ноќта. Службата за Цивилна заштита соопшти дека најмалку 13 загинале и околу 40 се повредени.

Израелската војска соопшти дека ќе го истражи извештајот.