![voz nezrekja kongo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/voz-nezrekja-kongo.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Најмалку 60 луѓе загинале откако товарен воз излетал од шините во Демократска Република Конго, потврдија локалните власти во сабота.
Несреќата се случила во петокот кога возот, на линијата од селот Китенте до Бујофве во покраината Лаулаба, излетал од шините и се урнал во бездна.
„Седум од десет вагони завршиле во пропаста“, изјавила за агенциајта DPA локалната функционерка Клементина Лутанда и додала дека се затрупани уште тела. Додала и дека 20 лица ја успеале да ја избегнат трагедијата.
Многу возови во ДР Конго потекнуваат уште од колонијалниот период и не се добро одржувани. Патниците често нелегално ги користат товарните возови како бесплатен трансппорт.