![kongo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/kongo.jpg?resize=696%2C414&ssl=1)
Најмалку 60 лица загинаа, а стотици се исчезнати во бродолом на езерото Маи-Ндомбе во западна Демократска Република Конго, соопштија денеска владини претставници.
„Преполниот брод пловеше во неделата вечерта со повеќе од 700 патници“, изјави министерот за хуманитарни работи Стив Мбикаји за германската агенција ДПА.
„Пронајдени се шеесет тела, како и 300 преживеани“, додаде Мбикаји.
Бродот пловел од главниот град Киншаса и потонал во близина на градот Лонгола Екоти, рече министерот.
Низ цела Африка, несреќите со преполни бродови се чести бидејќи многумина ги користат за секојдневен превоз.