Најмалку 70 загинати во напад на огранокот на Ал Каеда во Мали

Во разработен напад на огранок на Ал Каеда во главниот град на Мали оваа седмица загинале околу 70 луѓе, пишува Reuters во петокот повикувајќи се на неименувани дипломатски и безбедносни извори, додека владата не излезе со бројки за жртвите.

Милитантите нападнале елитна полициска академија за обука и аеродром во вторникот, демонстрирајќи ја нивната способност да удрат во срцето на главниот град на Мали. Земјата се бори со бунтот што се вкорени пред повеќе од една деценија на нејзиниот сушен север.

Обемот и сложеноста на нападот дополнително ги поткопува тврдењата на владејачката хунта дека безбедноста е подобрена откако ги истисна француските и американските сили и наместо тоа, се сврте кон Русија за безбедност.

Воениот врв кој изведе преврат токму поради долгогодишните обвинувања на нивната маионетска влада во Мали, како и САД и Франција ои имаа воени контингенти во регионот, дека ги толерираат и поттикнуваат локалните екстремно исламистички движења поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Огранокот на Ал Каеда, Џама Нусрат ул-Ислам ве ал Муслимин (ЈНИМ) ја презеде одговорноста за нападот во вторникот.

Откако избувна конфликтот во Мали, насилството се прошири и на соседите во регионот Сахел и стигна до северот на крајбрежните земји. Илјадници се убиени, а милиони раселени во регионот, а некои борци се поврзани со Ал Каеда или Исламската држава.

Владејачката хунта во Мали соопшти дека претрпела одредени загуби, без да даде детали. Малиските весници објавија дека во четвртокот бил одржан погреб на околу 50 полициски кадети.

Нападот бил симен со видеа објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како бунтовниците го палат претседателскиот авион и мртвите тела на полициската академија. Меѓутоа, нема потврда на автентичноста на овие снимки.

Само неколку дена претходно, шефот на воениот врв на Мали, Асими Гоита, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година, рече дека неговата армија значително ги ослабела вооружените групи против кои се бори со помош на Русија.

Нападот, исто така, уследи по битката со тешки загуби во јули, кога бунтовниците елиминираа голем број искусни руски платеници и силите на Мали во борбите во близина на северната граница на Мали со Алжир. Украина по тој напад потврди дека нејзини специјални и разузнавачки агенти учествувале во подготвувањето на заседата.

Украина се обидува да привлече терористи за операции против Русија и руските интереси, според турски извори

Пред една седмица турскиот весник Aydınlık, повикувајќи се на безбедносни и разузнавачки извори, објави дека властите во Украина водела преговори со претставници на терористичката организација Хајат Тахрир ал Шам во Сирија за привлекување милитанти во операциите против Русија и нејзините интереси во регионот, како и за борби на украинскиот фронт или за изведување терористички напади. Такви инфомации, инаку, имаше и пред 2022 година, за наводни контакти меѓу Киев и Исламската држава за групирање околу илјада џихадистички борци на границата со отцепениот црноморски полуостров Крим.

„Администрацијата во Киев, за која беше откриено дека соработувала со Работничката партија на Курдистан (PKK) и сириските Единици за заштита на народот (PYD) – и двете курдски организации кои се борат против Турција – за извршување тајни операции против руските трупи во Сирија, сега воспоставила односи со терористите на Хајат Тахрир ал-Шам кои го окупираа Идлиб (сириска покраина под контроал на џихадистите), според локалните извори украинска делегација го посетила Идлиб и се сретнала со водачите на терористичката организација Хајат Тахрир ал-Шам“, напиша турскиот весник пред десетина дена.

Според весникот, на 18-ти јуни се одржала средба меѓу претставниците на украинските власти и терористите во Идлиб. Како што е наведено во написот, вооружените сили на Украина се соочуваат со сериозен недостиг од војници, па Украина бара ново засилување за фронтот. Поради ова, се додава во тексот, не е изненадувачки што Киев прво „ги испразни сопствените затвори, а потоа воспостави блиски односи со терористичката организација PKK/PYD, свртувајќи се кон Хајат Тахрир ал-Шам за истата цел“.

„Интересно е што украинската делегација повикала на ослободување на радикалните чеченски и грузиски терористи (припадници на ривалските џихадистички групации блиски на Исламската држава – з.р.) кои се држат во затворите на Хајат Тахрир ал-Шам и за тоа им биле понудени 75 беспилотни летала“, додава турскиот весник.

Притоа се потсетува дека Украина веќе соработува со исламистички терористи во Африка. Така, Киев ги поддржаал вооружените напади на милитантите против армијата во Мали, чии власти се залагаат за соработка со Русија. Се потсетува на објавата на сенегалското издание Senenews, според кој воените власти во Мали и владата во Мавританија ги истражуваат фактите за обука на џихдистичките терористи на територијата на Мавританија од страна на украински инструктори. Освен тоа, според весникот Mondе, на украинска територија биле обучувани и терористи од сојузот на малиските вооружени сепаратистички групи CSP-DPA.

Поради таквите активности на Киев, Мали и Нигер ги прекинаа дипломатските односи со Украина на почетокот од август. За возврат, Министерството за надворешни работи на Сенегал го повика амбасадорот на Украина, Јуриј Пивоваров, откако дипломатската мисија во земјата објави на социјалните мрежи со која поддржува терористички напад на исламистите и бунтовниците врз вооружените сили на Мали на северот на африканската земја.

Покрај тоа, на крајот од август, министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо, кои ги соборија тамошните влади поради несправувањето со џихадистичкиот бунт иако пред десет години ги повикаа трупите на француската Легија на честа и испратија писмо до Советот за безбедност на ОН. Тие истакнаа дека остро ја осудуваат поддршката и глорификацијата на тероризмот од страна на украинските власти и го повикуваат Советот за безбедност при ОН да преземе мерки против Киев, кој „направи свесен избор да го поддржи тероризмот во Африка, особено во регионот Сахел“. Истовремено дипломатијата на Буркина Фасо ја повика светската заедница да ја оцени поддршката на терористичките групи од страна на Украина.