Најмалку четири лица загинаа, а десетици се ранети во масовно пукање во кое учествуваа неколку напаѓачи во американската сојузна држава Алабама, соопшти полицијата.
„Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе“ во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот, изјави полицискиот службеник Труман Фицџералд за локалните медиуми.
Десетина луѓе се ранети во престрелката, а најмалку четворица се здобиле со повреди опасни по живот, рече Фицџералд.
Полицијата досега не приведе никого во врска со пукањето.
Во истрагата се вклучени неколку агенции, вклучувајќи го Федералното биро за истраги.
Оваа година имало најмалку 403 масовни престрелки – дефинирани како пукање во кое имало најмалку четири жртви, мртви или ранети — низ САД, според Архивата за огнено насилство.
Најмалку 12.416 луѓе се убиени во насилство со огнено оружје оваа година во САД.