
Во земјотрес кој го погоди југозападот на Кина загинаа 4 лица, а 23 се повредени, соопшти надлежната кинеска служба.
Земјотресот се случил во понеделникот во 21:47 часот по локално време во провинцијата Јунан, на релативно мала длабочина од осум километри, според кинескиот Центар за земјотреси.
Најмалку една куќа била срушена, а жителите рекле дека потресот траел неколку секунди.
Американскиот геолошки институт ја оценил силата на земјотресот на 4,5 степени според Рихтерова скала при длабочина од 10 километри, а донекаде се различни и податоците за времето на ударот и епицентарот.