Најмалку четири жртви во експлозија во џамија во Авганистан

Најмалки четири лица загинале а уште дваесетина други се ранети во експлозија детонирана во петокот во џамија во провинцијата на авганистанската престолнина Кабул, според првилните извештаи на безбедносните сили.

„Четири лица загинаа и уште 20 се ранети денеска во експлозија во текот на петочната пладневна молитва во џамија во областа Шакар Дара во провинцијата Кабул“ го цитира телевизиската мрежа TOLO News неименуваниот извор од безбедносните сили.

Меѓутоа, очевидци за телевизијата рекле дека најмалку десет лица ги загубиле животите во експлозијата во којашто е ранет и имамот на џамијата „Хаџи Бакши“.

Засега ниту една радикална милитантна група којашто дејствува во Авганистан не ја презема одоговорноста за експлизијата.

Нападот се случува ден откако најмалку девет лица беа убиени во две одделни екксплозии во провинциите Кундуз и Кандахар.

Претходно талибаните објавија тридневно примирје по повод почетокот на муслиманскиот празник по завршувањето на светиот месец на постот Рамазан. Тие им забранија на своите борци да изведуваат напади коишто ги контролираа силите на владата во Кабул. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани упати сличен апел и до припадниците на владините безбедносни сили.