
Најмалку четири лица загинале во пожарот во техеранскиот затвор Евин, а уште 61 затвореник е повреден, соопштија во неделата иранските власти.
Според извештаите на иранските медиуми, четворица од повредените се во критична состојба, а жртвите починале од вдишување на чадот.
Иранските власти претходно во саботата објавија дека е запалена работилницата во текот на „судирот меѓу затворениците осуден поради финансиски криминал и оние за кражби“
Снимките од затворот Евин на државната иранска телевизија покажуваат како пожарникарите вршат истрага во работилницата и на опожарените делови од покривот. Телевизијата и прикажа како затвореници кои „спијат откако ситуацијата во затворот се смирила“.
Пожарот во техеранскиот затвор Евин се случи среде протестите кои го зафатија Иран по смртта на 22-годишната Махса Амин во притвор на милицијата за заштита на јавниот морал, откако била приведена поради несоодветно облекување и непокривање на главата со шамија.
Протестите, за кои Техеран тврди дека се организирани и поттикнувани од западните и израелските тајни служби, се претворија во еден од најголемите предизвици на ултраконзервативната власт востановена по Исламската револуција во 1979 година.
Пред властите да го објават бројот на жртвите, семејствата на некои политички затворени на социјалните мрежи ги повикаа властите да ја осигурат безбедноста во Евин. Американските власти овој затвор во 2018 година го ставија на црната листа поради „сериозни кршења на човековите права“.
Иранската активистка Атена Даеми изјавила дека членовите на семејствата на затворениците дошле пред женскиот оддел на затворот за вообичаените посети, но дека властите овојпат не ги пуштиле. На роднините им било кажано дека затворениците се „добро, но дека телефоните не работа“, рекла Даеми пренесува Reuters.
„Кога семејствата рекле дека нема да ја напуштат областа пред затворот додека затвореничките не ги повикаа, како и да им бидат предадени мобилните телефони, властите се конфронтирале со семејствата“, додаде Даеми на Twitter.
Но вработен во затворот за државната иранска телевизија изјави дека на затвореничките им е дозволено да контактираат со своите семејства, што ги потврдил и адвокатот на Иранец со американско државјанство притворен во истиот затвор.