Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планина во јужниот дел на централна Франција, објавија во неделата локалните медиуми. Наводно се повредени уште три лица, а двајца се водат за исчезнати.
Несреќата се случила во неделата попладнето во Вал д’Енфер недалеку од ски-центарот Мон Доре, кој се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри надморска височина.
Електронското издание на регионалниот весник Midi Libre објави дека жртвите биле на скијање кога се урнала лавина.
Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на експерт.
Лошото време ја отежна потрагата по исчезнатите.
Лавините на Централниот масив се доста ретки.