Најмалку четворица загинати во потонат товарен брод кај источниот брег на Кина

Најмалку четворица членови на екипажот загинаа кога нивниот товарен брод потона кај источниот брег на Кина, јави Ксинхуа, истакнувајќи дека несреќата се случила во неделата наутро во близина на крајбрежниот град Јантаи, во провинцијата Шандонг.

ДПА пренесува дека засега се знае дека на бродот имало вкупно 14 лица.

Тројца членови на екипажот веќе се спасени, но уште седуммина се водат за исчезнати.

Во потрага по нив се испратени и спасувачки хеликоптер и спасувачки брод.

Кинеската државна телевизија CGTN претходно јави дека три лица загинале во инцидентот, а осуммина се водат за исчезнати, прецизира ДПА.