Најмалку десет работници на британско-американската непрофитна организација убиени во Авганистан

Најмалку десет соработници на британско-американската непрофитна организација „HALO Trus“ специјализирана за расчостување на мини и неексплодирани убијни средства е убиени а уште 16 други се ранети во напад на маскирани милитанти во Авганистан, извести во средата теелвизискиот канал 1TV повикувајќи се на свои извори.

Според телевизијата, нападот се случил во североисточната провинција Баглан, во округот Баглан Маркијази, околу 22 часот ноќта во вторникот по локално време, додека десетиците лица од организацијата се одморале по денот минат во расчистување на министките полиња. Околу 110 мажи од локалните заедници во северен Авганистан, исто така, биле во кампот во време на нападот, додале покраинските власти.

Официјални претставници на владата во Кабул за нападот ги обвинуваат талибанските бунтовници, но нивните претставници за локалните медиуми негирале своја вмешанот во нападот врз странците истакнувајќи дека „ги осудуваат нападите врз невоени цели“ и дека ги осудуваат ваквите „брутални дела“.

Талибанците, инаку, го почитуваат договорот со САД за ненапаѓање на странките трупи во Авганистан, по што од 1-ви мај започна повлекувањето на американските и трупите на НАТО од земјата дваесетгодини по инвазијата во оваа земја.

Организацијата „HALO Trust“ е основана во 1988 година со седиште во Велика Британија и во моментов има повеќе од 8.000 соработници.

Провинцијата Баграм последните месеци е сцена на речиси секојдневни жестоки битки меѓу талибаните и владините сили во неколку окрузи.

Насилството порасна во Авганистан, откако САД го пролонгираа претходно одредениот краен рок за повлекување договорен лани во катарска Доха. Новиот американки претседател Џо Бајден во мај го одреди како нов краен рок 11-ти септември, а одлукатата доведе до прекинување на меѓуавганистанските мировни преговори.