Најмалку девет лица загинаа а уште 30 други се ранети во експлозија на воена парада во градот ал-Далиа во Јемен, пренесува во неделата телевизијата Sky News Arabia.
Според првичните сознанија, експлозијата ја предизвикало беспилотно летало кое било опремено со експлозив. Според локални извори, тоа експлодирало над подиумот во текот на одржувањет на воената парада на стадионот „ал-Сумуд“ во градот ал-Далиа.
Според телевизијата, се чини дека биланост од девет жртви и треисетина ранети, не е конечен.
Од своја страна, силите на ткн „Безбедносен појас“, кои се подредени на Преодниот совет на Јужен Јемен, за експлозијата ги обвинија јеменските бунтовнции од движењето „Ансар Ала“, на шиитската етничка заедница Хусити.