Најмалку девет лица загинале а уште десетици се повредени во две експлозии кои одекнале во интервал од еден час во понеделникот на југот на Филипини, пренесува телевизискиот канал CNN Philippines.
Според информациите, експлозиите се случиле во градот Холо, во провинцијата Сулу. Првата се случила во 11.53 часот по локално време, или 6,53 часот по македонско време, а втората околу 13 часот по локални време, односно 8 по македонско, наспроти филијалата на Филипинската развојна банка во истата област во која дошле полициски службеници по првата експлозија. Според процените на полицијата, првата експлозија била подметната, а втората ја предизвикал бомбаш самоубиец.
Една од екслозиите се случила непосредно до продавница за комјутерска опрема. Филипинскиот Црвен крст објави дека еден стан и две продавници се тешко оштетени од експлозијата на мотоцикл-бомба.
Весникот Straight Times, пак, пренесува дека првата експлозија се случила во близина на воен камион паркиран пред зграда со канцеларии на централниот градски плоштад.
Во известувањато на медиумската групација ABS-CBN на Twitter, најмалку девет лица загинале, а десетици е повредени. Весникот Manila Bulletin прецизира дека ранети се околу 40 лица, од кои 22 се цивили.
„Во моментов имаме пет загинати војници, а уште 18 се ранети. Го утврдуваме виновникот за експлозиите. Сѐ уште проведуваме дали тие се поврзани со апсњето на лидерот на Абу Сајаф, Иданг Сусукан“, изајви портпапрлот на 11-та пешадиска дивизија на филипинските копнени војски, Роналду Матео.
Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор меѓу филипинските власти и екстрмистичките исламистички движења во земјата е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Абу Сајаф е најмалата но најборбена исламска бунтовничка група којашто е активна на југот на Филипини. Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.
Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат. Во меѓувреме лидерите на Абу Сајаф ѝ изразија лојалност на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава.
🇵🇭 Philippines : 2 explosions signalées ce lundi dans la ville de Jolo sur l’île du même nom. Il s’agirait pour l’une d’une moto piégée qui aurait explosé à proximité d’un camion militaire. Au moins 9 morts et 17 blessés pic.twitter.com/mxP00B4Sda
— Alexandre (@alex_le_bars) August 24, 2020