Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка во напад со нож од ученик, јави во четвртокот телевизијата ta3.
Новинската агенција ТАSR објави дека нападот се случил во градот Спишка Стара Вес.
Службите за итна медицинска помош се на местото на настанот, јави ТА3, додавајќи дека покрај двете лица потврдена смрт, уште едно е во критична состојба.
Бројот на повредени сѐ уште не е познат, додаде ta3.