Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз градот Херсон во јужна Украина, изјави утринава гувернерот Олександр Прокудин.
-Во овој момент имаме информации дека двајца цивили загинале, напиша гувернерот на регионот Херсон на Телеграм.
Тој додаде дека четири лица се префрлени во болница, а на еден повреден цивил му била укажана помош на лице место.