Најмалку две жртви во терористички напад во Пакистан

Најмалку две лица се убиени а уште четири други се ранети во неделата во екслозија предизвикана од бомбаш-самоубиецот во северозападната пакистанска провинција Хајбер-Пахтинхва.

Како што пренесе електронското издание на локалниот весник The Nation, нападот бил изведен во паштунскиот племенски регион Баџаур, недалеку од градницата со Авганистан, на денот на спроведување на локалните избори. Меѓу убиените е и лидерот на локалната филијала на Националната (народна) партија Авами (ANP).

Претходно во саботата неидентификувани напаѓачи го застрелаа и убија челникот на партијата ANP во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, Умар Катаб Шерани.

Ниедна од екстремистичките групации кои се активни во регионот досега не ја презеде одговорноста за убиставта на функционерите на ANP.

Националната партија Авами (народ) е секуларна левичарска и паштунска националистичка партија во Пакистан, основана во 1986 година од Абдул Вали Кан, која сега ја води Асфандијар Вали Кан.