Најмалку едно лице е убиено, а две се повредени во оружен напад во средно училиште во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми.
Според првичните инфиормации, напаѓачот сè уште не е фатен.
NBC јавува дека неколку полициски возила се наоѓаат пред средното училиште Пери во Ајова, а на местото на пукањето пристигнале и службите за итна помош. На терен е и ФБИ.
Денеска е првиот училишен ден по зимскиот распуст во Америка.
Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.