Медиумите во Србија пренесуваат дека најмалку едно лице загина во рушењето на настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Несреќата се случила денеска околу 12 часот. Голем број на противпожарни возила и возила на брза помош се на терен, а доаѓаат и багери да ги отстранат рушевините.
Се стравува дека под рушевините има уште жртви, соопштуваат дел од медиумите.