
Најмалку осум лица ги загубија животите во земјотресот што во понеделникот вечерта ја погоди граничната област меѓу кинеските провинции Гансу и Чингхаи, објави новинската агенција AFP, повикувајќи се на кинески државни медиуми.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотресот во регионот бил со јачина од 6,1 степени по Рихтеровата скала./.
Земјотресот се случи во вторникот по локално време на длабочина од 35 километри, со епицентар на 102 километри југозападно од тримилионскиот град Ланжу. Засега нема податоци за повредените и за материјалните штети.