Најмалку осумина мртви во експлозија во Могадишу

Најмалку осум лица загинале, а 14 се повредени во експлозија пред воената база во Могадишу, објавија сомалиските власти.

Сè уште не е јасно што ја предизвика експлозијата, но сведоците за локалните медиуми изјавиле дека автомобил натоварен со експлозив удрил во магацин во близина на стадионот. Радио Далсан објави дека експлозијата се слушнала во градот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но сомневањата се дека зад нападот стои исламистичката милитантна група Ал Шабаб, која честопати извршува бомбашки напади врз безбедносните сили и владини претставници. Претходно неделава, двајца чувари беа убиени откако спречија самоубиец да влезе во ресторан во главниот град на Сомалија.