Најмалку пет загинати на демонстрациите во Судан

Најмалку пет лица загинале а уште неколкумина се ранети откако бил отворен оган во саботата во текот на демострациите во Омдурман, предградие на суданската престолнина Картум објави во сабтоата вечерта Централната лекарска комисија на Судан на својата официјална фејсбук страница.

Според организацијата, доаѓаат извештаи за многу ранети во неколку квартови на Картум каде продолжуваат масовните протести против активностите на војската по воениот преврат. Се додава дека пренесувањето на настраданите до болниците е отежнат.

По неколкунеделните масовни протести, суданската војска ноќта кон 25-ти октомври ги уапси премиерот Абдула Хамдок, како и голем број високи функционери и истакнаи политичари.

Водачот на превратот, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој се прогласи за челник на Преодниот суверен совет на Судан, ги распушти највисоките тела на државата и прогласи вонредна состојба. Исто така, генералот ал-Бурхан суспендираше повеќе одредби од уставот кои го одредуваа преодниот период по соборувањето на 30-годишното владеење на претседателот Омар ал-Башир, како и односот меѓу армијата и цивилната власт.