Најмалку пет загинати во терористички напад во Могадишу

Најмалку пет лица се убиени во неделата во сомалиската престолнина Могадушу во териростички напад врз хотелот „Elite“, пренесува агенцијата France Press повикувајќи се на сомалиските безбедносни служби.

Локалните медиуми пренесуваат дека во нападот има најмалку 28 ранети, но оти во болниците најавуваат зголемување на бројот на настраданите, бидејќи продолжува приемот на лица со различни степени на повреди.

Исто така, се наведува дека во нападот загинал и високопозициониран функционер во сомалиското министерство за информации.

Терористичкиот напад започнал со детонирање на автомобил-бомба паркиран во близина на лускузниот хотел кој е лоциран на брегот. Веднаш вооружени лица се втурнале во фоајето на хотелот земајќи заложници од гостите, се забарикадирале на петтиот кат. Потоа започнала жестока престрелка меѓу напаѓачите и припадници на елитните единици на сомалиската армија, кои дошле да интервенираат.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за нападот, но властите сметаат дека е изведен на начинот кој е вообичаен за џихадистичката група Ал-Шабаб, која последните години е истисната од главниот град Могадишу.