Најмалку пет лица загинале во неделата во напад со автомобил-бомба вез познат хотел во центарот на Сомалија, за кој одговорноста ја преземаа радикалните исламисти од групацијата ал-Шабаб.
Во експлозијата ранети е уште 14 лица и уништени се хотел и блиски згради во градот Џовхар, околу 90 километри северно од сомалиската престолнина Могадишу. Полицијата соопшти дека напаѓачите со автомобил полн со експлозив влетале во надворешен ѕид на хотелот „Nur-doob“ во кој отседнувале локалните политички челници.
„Убија пет цивили, меѓу нив и жени кои работат во хотелот и обезбедувачи. Четиринаесет луѓе се ранети, некои дури биле во згради кои не се блиску хотелот“, изјави за AFP, полицаецот Мохамед Али, полицаец во Џовхар.
Одговорноста за нападот набрзо со објава на социјалните мрежи ја преземе бунтовничката групација ал-Шабаб.
Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Порано движењето беше поврзано со Ал Каеда, но подоцна нејзините челници изразија лојалност на ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава.
Новиот сомалиски премиер Хамза Абнди Баре, кој беше именуван во јуни по општите избори, им изрази сочувство на семејствата на жртвите и вети помош за повредените.
Полицаецот Мохамед Али изјави дека станува збор за „најголемата експлозија којашто досега се случи во Џовхар“.
„Никогаш не сум видел толкаво разорување. Видов како извлекуваат тела од урнатите делови од хотелот. Ударниот бран беше толку силен што го однесе покривот на мојата куќа“, изјави за AFP локалниот жител Махад Ибрахим.
Друг очевидец, Абдурахман Шабелоув изјавил дека парчиња од експлозијата ги повредиле случајните минувачи.
„Видов како парчиња од бомбата ги погодија цивилите подалеку од хотелот (…), а ударниот бран од експлозијата се почувствува во целиот град“, рекол.