Најмалку пет лица се убиени во историскиот центар на Сиудад де Мехико кога пензиониран капетан на мексиканската војска отворил оган врз локални жители, соопштија во неделата мексиканските власти.
Инцидентот се одиграл во саботата по локално време во непосредна близина на Националниот дворец, резиденција на мексиканските претседатели во старото историско јадро на главниот град. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во тоа време бил надвор од Сиудад де Мехико (Мексико Сити).
Претходно локалните медиуми објавија дека мажот отворил оган во главниот град на Мексико, откако реагирале станари на објект во кој тој сакал да изврши нужда. Властите во своите извештаи наведуваат за четворица убиени, и уште двајца ранети.
„Според информацијата од кабинетот за безбеднсот, на местото на конфликтот има пет убиени лица, меѓу кои се четворица станари и лицето кое отворило оган“, изјавила шефицата на владата на мексиканската престолнина, Клаудија Шеинбаум.
Според прелиминарниот извештај на полицијата, пред пукањето осомничениот влегол во зграда недалеку од резиденцијата претседателот на Мексико „за да ги изврши своите физиолошко потврди“, што не им се допаднало на двајца станари кои му приговориле.
Како одговор на забелешките, мажот, кој според медиумите бил пензиониран капетан на вооружените сили,извадил пиштол отворил оган. Кога пристигнала полицајците нашле четири лица со прострелни рани како лежат во дворот на зградата и го застрелале осомничениот.
Повеќе од сто полицајци веднаш по истрелите пристигнале на местото на настанот и ја блокирале улицата која е резервирана само за пешаци. Зградата е во тесна уличка кој може да се користи само пешки кон влезот на Националниот дворец кој секојдневно ја користат владините службеници и новинарите.
Лопез Обрадор која ја презема функцијата пред една година, ветуваше дека ќе води поскромна влада. Покрај намалувањето на платата на претседателот за половина, тој ја намали и бројноста на телохранителите во услови кога Мексико го потресуваат војните за превласт меѓу картелите и нападите на бандите врз претставници на власта и безбедносните сили. Тој, исто така, ја претвори лускузната претседателска резиденција Лос Пиност во културен центар и се пресели во неколку века стариот Национален дворец.