Пет лица загинале во земјотресот што го погоди северот на Таџикистан, соопшти во саботата портпаролката на тамошниот Комитет за вонредни состојбуи, Умеда Јусуф.
„Епицентарот на ударот кој беше регистриран во 7,14 часот (5,14 по македонско време) се наоѓал на 165 километри североисточно од Душанбе и на 21 километар источно од Раштскиот регион. Магнитудата на ударот во епицентарот изнестувал 6, во Душанбе 3’, прецизирала портпаролката.
Јусуфи додала дека загинаите се жители на селото Лангари Шох, во Таџикисанскиот регион. Двајца малолетници се повредени во село во Раштскиот регион и се хоспитализирани.
Според првичните сонанија, во двете села се оштетени 19 домови. Електричните далноводи, исто такам биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан.